ЈП Лајка продолжува со континуирано спроведување на активностите за хуман третман и контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на град Скопје.
Во текот на октомври беа постигнати следните резултати:
173 заловени кучиња
144 третирани кучиња
42 вдомени кучиња
90 кучиња вратени на локација
Секое куче кое поминува низ процесот на хуман третман добива соодветна ветеринарна грижа, која опфаќа стерилизација или кастрација, тестирање за лајшманиоза, вакцинација против беснило, микрочипирање и третман против внатрешни и надворешни паразити.
Особено значаен е податокот за 42 вдомени кучиња, кои благодарение на одговорни граѓани добија можност за нов живот во семејна средина.
Овие резултати се одраз на секојдневната работа на нашите тимови, но и на соработката со граѓаните кои активно придонесуваат кон решавање на проблемот со бездомните кучиња.
Нашата заложба останува непроменета – системски, одговорен и хуман пристап кон управувањето со популацијата на бездомни кучиња, со цел долгорочни и одржливи резултати