Во текот на овој месец, ЈП „Лајка“ прими донации од КАМ Маркет и Луна Пет Шоп, наменети за кучињата сместени во нашето прифатилиште.
КАМ Маркет донираше храна за кучиња, додека Луна Пет Шоп обезбеди храна, грицки и шампон, производи што секојдневно ни се потребни за исхрана, нега и одржување на хигиената на нашите штитеници.
Упатуваме искрена благодарност до двете компании за покажаната хуманост и општествена одговорност. Ваквата поддршка значително ни помага во секојдневната грижа за кучињата и претставува поттик да продолжиме посветено да работиме за подобрување на нивната благосостојба.
Секоја донација е важна и директно придонесува за подобри услови за кучињата кои во ЈП „Лајка“ го чекаат својот дом