Сончево саботно попладне со посета на „Лајка“

Во пријатна и опуштена атмосфера ги пречекавме волонтерите и децата и младите – корисници на проектот „Хуманко“ при Клубот на млади на Црвен крст Карпош -Скопје.

Посетата се реализираше во склоп на нивните едукативни и социјализирачки активности, насочени кон развивање емпатија, одговорност и практично запознавање со општествено корисни содржини, како и со грижата за животните и функционирањето на ЈП „Лајка“.

Во текот на попладнето имаше запознавање со процесите на работа на претпријатието, разговори и размена на искуства, но најмногу се уживаше во дружењето со кучињата 🐶💙. Се поставуваа прашања, се отворија важни теми поврзани со одговорното сопствеништво и заштитата на животните, а атмосферата беше исклучително динамична.

Пред заминување, едногласно истакнаа дека доколку некогаш се одлучат за миленик – нема да купат, туку ќе вдомат куче 🙂

Веруваме дека токму преку вакви средби заедно придонесуваме кон поубаво, похумано и поодговорно општество – за сите, и за луѓето и за животните.

„Хуманко“ и Црвен крст Карпош се секогаш добредојдени кај нас, а со нетрпение ги очекуваме следните заеднички активности! 🌟

Волонтирај