Денес имавме една поинаква „работна“ посета – учениците од 9то одделение од ООУ Браќа Миладиновци одлучија своето време да го посветат на кучињата од ЈП Лајка.
Од чешлање и галење, до игра и прошетки – направија сè што му е потребно на едно бездомно куче за барем на момент да се почувствува сакано, важно и безбедно.
Срцата ни се полни кога гледаме дека емпатијата кај младите станува секојдневна пракса.
Токму ваквите деца се надеж дека ќе изградиме похумано и поодговорно општество – општество во кое грижата за животните нема да биде исклучок, туку нормална вредност. ![]()






