По повод 26 Август – Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ и Wolt Македонија започнаа заедничка иницијатива преку која граѓаните можат на едноставен и непосреден начин да испратат подарок за кучињата што престојуваат во прифатилиштето.
Во текот на оваа недела, преку опцијата „Send as a gift“ во апликацијата Wolt, корисниците можат да изберат храна, грицки, играчки или други производи од pet shop партнерите на платформата и да ги испратат директно на адресата на ЈП „Лајка“.
Под мотото „И тие знаат што значи радост“, оваа иницијатива има цел да ги вклучи граѓаните во грижата за бездомните кучиња и да покаже дека за да направиме добро дело понекогаш се потребни само неколку минути.
Секој испратен подарок значи повеќе од материјална донација. Тој носи дополнителна грижа, внимание и радост за кучињата што сè уште го чекаат својот дом. Воедно, иницијативата е потсетување дека подобрувањето на благосостојбата на бездомните животни е заедничка одговорност во која можат да се вклучат и граѓаните и општествено одговорните компании.
ЈП „Лајка“ ја поздравува поддршката од Wolt Македонија и нивните pet shop партнери, кои преку својата платформа овозможуваат солидарноста да стигне директно до оние на кои им е потребна.
Ги повикуваме граѓаните да се приклучат кон иницијативата, да испратат подарок преку Wolt и да им го разубават денот на кучињата во нашето прифатилиште.
Затоа што и тие се радуваат. И тие чувствуваат. И тие заслужуваат грижа.
Како да донирате:
Во апликацијата Wolt изберете производ од некој од pet shop партнерите, внесете ја адресата на ЈП „Лајка“ и означете ја нарачката преку опцијата „Send as a gift“.
ЈП „Лајка“ – Скопје
26 Август, Меѓународен ден на кучињата





