Денес не славевме само роденден. Славевме шест години работа, многу променети судбини, нови почетоци и една заедничка цел – подобар град за сите.
Имавме можност да слушнеме приказни што потсетуваат зошто постои Лајка, да ги запознаеме прекрасните вдомени кучиња и нивните семејства, да видиме колку многу значи одговорноста кон животните и, пред сè, да поминеме еден прекрасен ден со луѓе кои ја делат нашата визија.
Огромна благодарност до Mambo Park Aerodrom , кои ни беа домаќини и ни овозможија да го организираме овој настан во прекрасна атмосфера.
Благодарност до Општина Аеродром за поддршката, како и до сите наши спонзори и пријатели кои се вклучија во организацијата, обезбедија награди за учесниците на ревијата и придонесоа овој ден да биде посебен.
Благодарност до Luna Pet Shop за креативната работилница, како и до учениците и наставниците од ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, кои преку своите цртежи ни испратија една од најважните пораки на денешниот ден – дека миленикот е одговорност за цел живот.
Посебна благодарност до сите учесници на Ревијата на вдомени кучиња, кои ги споделија своите приказни и покажаа колку многу може да промени една одлука за вдомување.
И, секако, благодарност до сите вас кои дојдовте, со вашите миленици, семејства и пријатели, и го направивте нашиот шести роденден токму онаков каков што сакавме да биде – настан што обединува, едуцира и поттикнува промена.
Шест години подоцна, знаеме дека ниту едно прифатилиште не може само да го реши проблемот со бездомните кучиња. Но денес уште еднаш видовме колку многу можеме кога работиме заедно.
Ви благодариме што сте дел од промената. Продолжуваме!









