Волонтерска активност: Обој ја ЛАЈКА!

Ни претставуваше огромно задоволство што толкав огромен број на прекрасни лица од сите возрасти, изразија интерес, го вложија своето време и труд за да ја направиме ЈП Лајка подобро место за бездомните кучиња. Вашиот ентузијазам и безрезервна поддршка, како и поддршката од граѓанските организации, општествено одговорните компании и сите оние кои издвоија време да дадат свој придонес кон оваа пред сѐ хумана и општокорисна кауза ни даде мотив да продолжиме понатаму.

Изминатиот викенд во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје и со непроценлива помош од неверојатни 60 волонтери успеавме да молерисаме 600м2 ѕидна површина на живеалиштата на нашите кучиња, обоивме 40 врати на боксовите, ги обновивме реквизитите во парковите на ЈП Лајка и благодарение на нашите уметници Драш и Мачка ги исцртавме ѕидовите на претпријатието со што го направивме подобредојдено за секој што ќе не посети и ќе посака токму од тука да го вдоми својот миленик.

ЈП Лајка е отворена и во иднина за секој хуман граѓанин кој сака да биде општествено одговорен и да волонтира во нашето прифатилиште.

Се гледаме следен пат, Ви благодариме што го разубавивме светот на кучињата!

Волонтирај