Во месец Октомври, 2024 во ЈП Лајка хуманиот третман го поминаа 129 кучиња, 106 од нив беа заловени од нашите заловувачки тимови, а 23 беа донесени од граѓани.
Среќно се вдомија 35 кучиња, а 86 беа вратени на матичната локација.
ЈП Лајка – Скопје е најмладото јавно претпријатие основано од Градот Скопје. Неговата основна дејност, која е од посебен јавен интерес, е хуман третман на бездомните кучиња и воспоставување на контрола на бездомната популација на кучиња на територијата на општините во рамките на Градот Скопје.