Доколку барате енергично куче со голем раст, полн живот и спремен за авантура, Таз е идеалниот миленик за вас. Неговата активност и динамичност го прават идеален пријател за некој кој ужива во активен животен стил.
Таз би бил пресреќен доколку би бил единствен миленик во домот, како би го добил сето внимание за себе. Но без разлика на својата големина и доминантен карактер, Таз е многу игрив и сака да се забавува. Потребен му е дом полн со љубов и внимание, каде ќе може да покаже колку може да биде верен и лојален пријател.
За подетални информации и прашалник за вдомување можете да ни пишете на vdomi@lajka.com.mk