Пепита

женско

2

Вакцинирано

Пепита е нежна душа која бара свој дом.
И покрај сè што поминала, во нејзините очи сè уште има надеж и љубов.

Има питом карактер, мирна е и приврзана, вистинско куче кое само чека некој да ѝ даде шанса. Со малку внимание и топлина, брзо се врзува и станува верен и нежен придружник.

Заслужува дом каде никогаш повеќе нема да се почувствува напуштено – место каде ќе биде сакана, заштитена и дел од семејството.

Ако сакате да ѝ подарите нов почеток, пишете ни. Пепита ве чека.

Волонтирај