На 16 и 17 април повторно бевме дел од училишната атмосфера, дружејќи се со учениците од 8 и 9 одделение од сите класови во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Преку интерактивно предавање и отворена дискусија заедно ги отворивме темите за хуманост, емпатија и одговорност.
Нашата посета отвори конкретни и важни разговори за:
• што значи навистина да се грижиш за некого – секој ден, не само кога е лесно ![]()
• зошто вакцинацијата и стерилизацијата се важни – за здравјето на животните, но и за заедницата ![]()
• како да ги препознаеме и разбереме потребите на животните
• како емпатијата не останува само кон животните, туку се пренесува и во односите меѓу луѓето!
• зошто секој од нас има улога во намалување на бројот на напуштени животни ![]()
![]()
Преку реални примери, учениците сами доаѓаат до суштината – одговорноста не е нешто што се кажува, туку нешто што се покажува, секој ден.
Наш најголем фокус е работата со младите, затоа што токму таму започнува секоја вистинска промена. Само заедно градиме град со повеќе свесност, грижа и почит кон сите живи суштества!








