ЈП Лајка имаше чест да биде домаќин на учениците од 6-то одделение од IPS Macedonia-интернационално приватно училиште ![]()
Со децата одржавме едукативна работилница на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“, каде разговаравме за важноста на грижата, хуманоста и одговорноста кон животните.
Учениците покажаа голем интерес, поставуваа прашања и активно учествуваа во дискусијата.
Во рамки на посетата, направивме и прошетка низ стационарот, при што децата имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на работа на претпријатието – од прием и грижа за кучињата, до нивна подготовка за вдомување.
Ваквите средби се особено значајни, затоа што токму преку едукација на најмладите градиме поодговорно и похумано општество ![]()
Им благодариме на учениците и наставниците за посетата и се надеваме на повторна средба!







