„Лајка Фест – Повеќе од настан“ беше обид на поинаков начин да се отвори тема што со години постои околу нас, темата за бездомните кучиња, одговорноста и улогата што сите ја имаме во создавање подобро општество.
Во текот на три дена, преку панел дискусија, едукација, игри, дружба и директна интеракција помеѓу луѓето и животните, се обидовме да покажеме дека ова прашање не се решава со еднодневни реакции, туку со континуирана работа, соработка и јавна свест.
Разговаравме за системски решенија и европски искуства со институции и експерти, а потоа истата тема ја пренесовме во парк – меѓу граѓаните, децата, вдомените миленици и кучињата што сè уште чекаат свој дом.
Особено сме благодарни на сите наши спонзори, партнери и излагачи кои ја препознаа важноста на ваков настан и помогнаа да создадеме простор што не беше само фестивал, туку место за едукација, поврзување и позитивна комуникација помеѓу заедницата и животните.
Ви благодариме на сите што бевте дел од „Лајка Фест“.






































