Работна средба со градоначалникот на Општина Гази Баба

Денес одржавме работна средба со градоначалникот на Општина Гази Баба, на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката во справувањето со уличната популација на кучиња на територијата на општината.

Како институција која секојдневно работи на терен, веруваме дека долгорочни резултати можат да се постигнат единствено преку заеднички активности и активна вклученост на локалните самоуправи.

На средбата беше разгледана можноста за потпишување Меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба, ЈКП Гази Баба и ЈП Лајка, кој ќе овозможи поефикасна координација на активностите за заловување, ветеринарен третман, стерилизација, вакцинација и понатамошна грижа за кучињата согласно законските прописи.

Особено ја поздравуваме посветеноста на Општина Гази Баба, која е една од општините што редовно и навремено ги подмирува своите обврски кон ЈП Лајка, со што директно придонесува за непречено спроведување на активностите за контрола на уличната популација на кучиња.

Воедно, ја поддржуваме и нивната мерка за субвенционирање на стерилизации на домашни миленици. Одговорното сопствеништво и контролирањето на несаканите легла се еден од клучните механизми за спречување на создавање нова улична популација на кучиња.

Само преку комбинација од теренски активности, превентивни мерки и институционална соработка можеме да обезбедиме похумано и поодржливо решение кое ќе биде во интерес и на граѓаните и на животните.

Волонтирај