Додека другите се тркаат, скокаат и прават планови за следната беља, Хилтон мирно набљудува отстрана. Повлечен е, нежен и внимателен, со душа од карактер и поглед што лесно освојува.
Нему не му треба многу – само трпелив човек покрај кого ќе се почувствува сигурно и дом во кој ќе може да се опушти и да ја покаже сета своја љубов.