Снупи нема чувство за мир, па веројатно беше најголемиот предизвик за фотографирање и снимање. Додека го наместиме, тој веќе има нов план, нова насока и нова авантура. Секогаш е подготвен за акција, игра и трчање, како да стравува дека светот ќе продолжи без него.
Бараме активен дом и луѓе кои нема само да ја издржат неговата енергија, туку искрено ќе уживаат во неа.
Со Снупи можеби нема да имате многу мир — но сигурно никогаш нема да ви биде здодевно