МЕСЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ | ОКТОМВРИ 2026

ЈП Лајка продолжува со континуирано спроведување на активностите за хуман третман и контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на град Скопје.

Во текот на октомври беа постигнати следните резултати:

🔴 173 заловени кучиња

🟢 144 третирани кучиња

🔵 42 вдомени кучиња

📍 90 кучиња вратени на локација

Секое куче кое поминува низ процесот на хуман третман добива соодветна ветеринарна грижа, која опфаќа стерилизација или кастрација, тестирање за лајшманиоза, вакцинација против беснило, микрочипирање и третман против внатрешни и надворешни паразити.

Особено значаен е податокот за 42 вдомени кучиња, кои благодарение на одговорни граѓани добија можност за нов живот во семејна средина.

Овие резултати се одраз на секојдневната работа на нашите тимови, но и на соработката со граѓаните кои активно придонесуваат кон решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Нашата заложба останува непроменета – системски, одговорен и хуман пристап кон управувањето со популацијата на бездомни кучиња, со цел долгорочни и одржливи резултати

Волонтирај