Инспирирана од своето куче Мини, Ирина создаде функционална зимска облека за кучиња од текстилни остатоци.
Два модели, во четири големини, покажуваат дека материјалите што инаку би биле отфрлени можат да добијат нов живот – со грижа за кучињата и за животната средина.
Нашите четириножни модели ја претставија колекцијата со стил, а истовремено потсетија на нешто поважно: грижата за животните и одговорниот однос кон природата одат рака под рака.
Благодарност до Ирина Тошева за прекрасната идеја и за тоа што им даде видливост на нашите кучиња и до незаменливите A Perfect Pawtrait за прекрасната фотосесија.











