Едукативниот караван на ЈП „Лајка“ стартуваше од Радишани!

Со голема радост го започнавме овогодинешниот едукативен циклус во скопските училишта. Нашата прва станица беше ООУ „Ацо Шопов“ во Радишани, каде два последователни дена одржавме интерактивни предавања и отворени дискусии со учениците од 7-мо, 8-мо и 9-то одделение.

На тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“, разговаравме за сè она што стои зад искрената грижа за еден миленик – од секојдневната посветеност и емпатија, до микрочипирањето, редовната ветеринарна грижа и стерилизацијата како клучен чекор за хуман третман и помалку бездомни кучиња на улиците.

Длабоко веруваме дека едукацијата е најсилната основа за промени. Секој разговор во училишните клупи е директен влог во идните генерации; млади луѓе кои ќе знаат дека љубовта кон животните се докажува преку одговорност, а хуманоста на едно општество се мери по односот кон оние кои не можат сами да зборуваат за себе. Само кога знаењето ќе ја замени рамнодушноста, тогаш не ги решаваме само последиците на улиците, туку го менуваме коренот на проблемот: човечката свест.

Огромна благодарност до раководството и наставниците на ООУ „Ацо Шопов“ за топлото добредојде, но најмногу до сите над 120 ученици од вкупно 5 одделенија  за нивната љубопитност, зрелите прашања и искрената енергија со која ги исполнија училниците! Едукацијата продолжува, затоа што со знаење градиме похумано Скопје!

Волонтирај