Денес во нашето прифатилиште ни гостуваа учениците од IPS – International Private School

Разговаравме за работата на прифатилиштето, за тоа како кучињата завршуваат на улица, зошто е важно одговорното сопствеништво и како секој еден од нас, без разлика на возраста, може да биде промената што сака да ја види во општеството.

Преку ваквите посети сакаме децата да разберат дека бездомните кучиња не се проблем што се појавил сам од себе, туку последица на човечкото однесување, а токму во нашето однесување лежи и решението.

Да ги научиме дека грижата за животните не е само да ги сакаме, туку и да преземаме одговорност за нив, дека хуманоста не е само чувство, туку и постапка, и дека дури и најмалите постапки можат да направат огромна разлика во нечиј живот.

Нашата работа не завршува со заловувањето, третманот и вдомувањето на бездомните кучиња. Подеднакво важна е и едукацијата на генерациите кои утре ќе ги носат одлуките од кои зависи какво општество ќе бидеме.

Ви благодариме за денешната посета, љубопитноста и времето посветено на нашите кучиња.

Волонтирај