Запознајте го Буч – пит бул со големо срце! 🐾
Буч е пит бул стар околу 2 години.
Имаше свој дом и сопственик кој се грижеше за него, но поради несреќен сплет на околности, сега е под наша грижа и бара нов дом исполнет со љубов. ❤️
Буч е вистински другар – обожава луѓе, сака внимание, галење и долги прошетки. Активен е, весел и секогаш подготвен за дружба.
Со малку внимание и топлина, Буч ќе стане најверниот пријател што сте го имале.
Доколку бараш лојален придружник со благ карактер и срце поголемо од себе – Буч е токму тоа! 🐶
Контактирај не доколку сакаш да му дадеш нов почеток.