Динго

Машко

4 Години

Вакцинирано

Динго е 4-годишен Белгиски овчар-Малиноа. Интелигентен, фокусиран и со енергија што бара насока. Не е куче „само за миленик“- тој е куче за човек што сака вистинска врска, работа и движење.

Како и многу Малинои, неговата приказна почнала со недоволно разбирање на расата. Но вината не е негова. Динго е лојален, посветен и живее за доверба.

Му треба искусен сопственик кој ќе знае да ја насочи неговата енергија и интелигенција. Со вистинскиот човек, Динго станува неверојатен партнер,чувар, пријател и сојузник во секојдневието.

Долго време е во ЈП Лајка и чека некој што ќе го види како што треба.

Ако си подготвен/а за куче со карактер и длабока лојалност-дојди да го запознаеш.

Динго не бара совршенство. Бара свој човек. 🐕✨

Волонтирај