Кремка

Женско

4 Години

Вакцинирано

Запознајте ја оваа прекрасна душа – четиригодишно женско мешанче со тивок поглед и уште потивка душа.
Има повреда на едното око, но тоа не ѝ ја одзело способноста да сака, да се надева и да биде верен пријател.

Таа е мирна, нежна и бескрајно лојална – миленик кој нема да ви скока во скут, но секогаш ќе биде покрај вас. Ќе ве чека. Ќе ве следи. Ќе ви биде утеха.

Секое живо суштество заслужува шанса –
а ова прекрасно куче заслужува топол, безбеден и полн со љубов дом.

Таков каде што нејзиниот хендикеп нема да биде пречка, туку нешто што ќе ја направи уште посебна.

Доколку имате срце што гледа подлабоко од надворешноста, можеби токму вие сте нејзината судбина.

Волонтирај