Меланија

Женско

2

Вакцинирано

Запознајте ја Меланија – нежна, тивка душа помала од една година, која веќе преживеала повеќе болка одошто би требало едно толку младо суштество да доживее.

Ја удри кола. Со скршена вилица и задната бутна коска, се бореше за живот. Но таа не се предаде. Во клиниката на Др.Буневски направија сè за да ѝ ја вратиме надежта – сложена операција, долг пат до закрепнување… и сега, Меланија е симбол на издржливост, љубов и надеж.

Во нејзините очи ќе видите тишина, но и копнеж – копнеж по топлина, безбедност, и некој што ќе ѝ покаже дека светот знае и да биде добар.

Моментално е згрижена во ЈП Лајка, но ниедна привремена заштита не може да го замени вистинскиот дом.

Ако имаш место во срцето и во домот – подари ѝ го новиот почеток што го заслужува.

Волонтирај