Ралф е куче кое веќе го поминало хуманиот третман.
По враќањето на локација, наместо да остане на улица, самиот почнал да бара дом – одел по дворови, згради, училишта и влезови, како да сака да каже дека повеќе не сака да живее надвор.
Луѓето ја разбраа неговата порака и сега Ралф повторно е кај нас, на сигурно, но само привремено.
Ралф е чувствително куче, му треба мир, трпение и некој што ќе му покаже дека конечно е безбеден и сакан. Заслужува шанса за нов почеток, дом каде ќе може да се опушти и да стане верен и благодарен пријател.
Ако сакате да му дадете дом и сигурност, пишете ни. Ралф ве чека.