Тошо е убавец со кроток и мил карактер. Тој знае да оди на поводник, се однесува одлично со други кучиња, сака да шета со часови, да игра со топчиња и би бил идеален миленик за семејство со голем и добро ограден двор.
ЈП Лајка – Скопје е најмладото јавно претпријатие основано од Градот Скопје. Неговата основна дејност, која е од посебен јавен интерес, е хуман третман на бездомните кучиња и воспоставување на контрола на бездомната популација на кучиња на територијата на општините во рамките на Градот Скопје.