Хами

женско

7 Години

Вакцинирано

Хами е куче старо околу 7-8 години.
Пред неколку години го помина хуманиот третман во Лајка и ја доби својата најголема желба – свој дом.

Имаше свој човек и топол агол, но поради здравствени проблеми на вдомувачот, Хами повторно се врати кај нас и сега повторно бара нова шанса.

Хами е зрела дама со тивка душа и мирен карактер. Не бара многу – сака спокој, стабилност и некој што ќе ја сака таква каква што е. Со својата нежност и смиреност, таа е совршен придружник за некој што бара верен и благодарен пријател.

Заслужува повторно да почувствува што значи „дом“ – свој кревет, свој човек и сигурност дека овојпат љубовта ќе трае засекогаш.

Ако сакате да ѝ подарите мирен и топол дом, пишете ни. Хами ве чека.

Волонтирај