Буба е куче кое веќе имало свој дом и човек.
Сега повторно бара нова шанса за живот исполнет со љубов и сигурност.
Мирна е, нежна и лесна за адаптација. Одлично се сложува со други кучиња, знае да оди на поводник и има хигиенски навики.
Со својата смиреност и добрина, Буба ќе биде прекрасен и верен придружник во секој дом.
Ако сакате да ѝ подарите нов почеток, пишете ни. Буба ве чека.