Буги е весело куче со игрив и дружељубив карактер. Тој знае да оди на поводник, се однесува одлично со други кучиња и луѓе, ужива да трча и игра во природа и е идеален миленик за дом со добро ограден двор.
Ако бараш активно, интелигентно и приврзано куче, Буги е вистинскиот избор!
Потребни му се редовни прошетки, многу игра и ментална стимулација. Со правилна нега и внимание, ќе добиеш лојален пријател кој ќе внесе радост во твојот дом.