Карма е уште еден од нашите прекрасни ротвајлери кои предолго чекаат некој да ги забележи.
Таа не е љубител на други кучиња, па најсреќна би била како единствен миленик во домот. Но кога станува збор за луѓето – Карма е вистинско богатство.
Хиперактивна е, обожава да игра, да трча и да поминува време со своите луѓе. А кога ќе се измори од авантурите, ќе дојде по својата омилена награда – галење.
Карма е силна, прекрасна и полна со љубов. Потребен ѝ е само човек кој ќе ја разбере и ќе ѝ даде шанса да покаже колку верен пријател може да биде.