Кекс

машко

5 Години

Вакцинирано

Кекс е куче кое веќе знае што значи дом.
Мирен е, воспитан, има хигиенски навики и одлично се снаоѓа во домашна средина.

Со луѓе е нежен и приврзан, а со деца уште подобар. Со други кучиња е мирен и без конфликт, вистински другар кој лесно се вклопува.

Кекс е мило куче до коска – спокоен, топол и подготвен повторно да биде нечие куче.

Сега повторно чека своја шанса, но сè уште верува во луѓе и во тоа дека некаде го чека неговиот засекогаш дом.

Ако сакате верен и мирен придружник, пишете ни. Кекс ве чека.

Волонтирај