Медо е миленикот на граѓаните од Аеродром, кои заедно со нас, активистите и Кумановската полицијата беше спасен и вратен во нашето прифатилиште, од каде сега му бараме дом, затоа што не заслужува повторно да биде на улица.
Медо е голем раст, многу е дружељубив и пријателски настроен. Сака да се гушка, да се гали и да трча и игра со другите кучиња. Нека не ве плаши неговата големина, тој е најмирното кутре кое ќе го запознаете!