Ова прекрасно мешанче од шарпланинец, моментално го чека својот вдомувач во ЈП Лајка.
Млад, разигран и полн со енергија, типичен тинејџер со многу љубов за давање.
Обожава да игра со луѓе, ужива во внимание и дружба, а одлично се сложува и со други кучиња. Друштвен е, стабилен и со карактер што ветува верен пријател за секој што е подготвен да му даде шанса.
Идеален е за семејство или активна личност што сака куче со карактер и душа.
Доколку бараш пријател кој ќе ти биде верен секој ден – дојди и запознај го Медо.