Митре е млад, нежен и мирен, со мал раст веднаш освојува со својата лојалност и наклонетост.
Митре знае да оди на поводник, сака прошетки, игра и трчање во парк. Одлично се сложува со луѓе и поради својот карактер е идеален миленик за во стан.
Со малку љубов и внимание, Митре ќе стане најверниот пријател што сте го имале.
Кастриран, вакциниран, микрочипиран и со негативен тест на лишманија, подготвен е за својот нов дом.
Ако сакате да му подарите дом, пишете ни. Митре ве чека во Лајка.