Мо бара дом!
Ако барате куче што ќе ве натера да станете од каучот и да го искористите секој сончев ден Мо е вистинскиот избор.
Има само 2 години, среден раст и е преполн со енергија. За него секоја прошетка е авантура, секое фрлено топче е најважната мисија, а секој човек е потенцијален нов пријател.
Мо е идеален за активни луѓе или семејства кои сакаат куче што ќе биде рамноправен партнер во сите активности – од долги прошетки до планинарење и трчање.
Сега му недостига само едно, свој дом.