Сабака е заловен на јавна површина со микрочип-сопственик. Неговите сопственици се откажаа од него со изјава за откажување од сопствеништво и ќе може да биде вдомен преку ЈП ЛАЈКА.
Сабака има 6,5 години и е среден раст. Тој е енергичен и многу весел. Ужива да трча и игра, сака забавни активности на отворено и знае да оди на поводник. Сабака е идеален миленик за активно семејство.