Тами

женско

6 Години

Вакцинирано

Тами е прекрасно куче кое бара нов дом и љубов.
Мирна е, нежна и одлично се однесува со сите, што ја прави совршен придружник за секое семејство.

Тами сака простор и движење, па идеална е за дом со двор и луѓе кои уживаат во активен начин на живот. Со својата верност и смирен карактер, таа ќе внесе радост и топлина во секојдневието.

Стерилизирана, вакцинирана, микрочипирана и со негативен тест на лишманија, Тами е подготвена за својот нов почеток.

Ако сакате да ѝ подарите дом, пишете ни. Тами ве чека во Лајка.

Волонтирај