Нашиот прекрасен миленик со доминантен изглед и уникатен карактер, бара дом во кој ќе биде единствен миленик, бидејќи не се сложува најдобро со останати кучиња. Иако не е премногу активен, сака лесни прошетки и ужива во мирна околина. Она што се истакнува е неговата исклучителна љубезност кон луѓето. Сака да биде во друштво, галење, љубов и внимание. Ако сте спремни да овозможите дом полн со љубов и разбирање, ова прекрасно куче ќе биде идеален додаток на вашиот дом.
Неговата возраст е околу 6 години, и има голем раст.
Има хигиенски навики и лесно стекнува нови. Како и секое од нашите кучиња така и Тајсон е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од внатрешни и надворешни паразити