Шаре

Машко

6 Години

Вакцинирано

Шаре е машко куче на околу 5 години, со прекрасен карактер и уште поубаво срце. Тој е лојален, нежен и тивок сопатник – оној тип на миленик што веднаш го чувствуваш како дел од семејството.

И покрај животните предизвици, Шаре не ја изгубил довербата во луѓето. Тој сака да биде покрај човек, да прошета, да се погали, да добие убав збор. Неговите очи зборуваат за добрината што ја носи – и за надежта дека конечно ќе ја најде свој дом.

Ако бараш верен другар што ќе ти го топли срцето секој ден, Шаре е токму тој. Подари му дом. Тој ќе ти подари љубов – безусловна и засекогаш.

📍 За информации за вдомување, јави се или пиши ни.

Кучето е вратено на локација

Волонтирај