Бустер

Машко

5 Години

Вакцинирано

Го паметите Бустер? Кучето што седеше горе на боксот и стана вистинска „тв ѕвезда“. Нашиот прв Спајдермен.

Иако му најдовме дом пред година и пол, пред некое време го најдовме повторно на улица и сега за жал пак ќе биде со нас дур му најдеме дом.

Бустер е многу енергичен, весел и обожава луѓе , особено деца! Сака и кучиња, добро се сложува, само не сака да биде провоциран

Би бил идеален миленик за активно семејство, кое живее во дом до голем и добро ограден двор.

Тој не заслужува сѐ уште да чека. Заслужува стабилен дом и некој што нема да се откаже од него.

Вдоми куче, вдоми љубов.

Волонтирај