Деки

2026 Години

Вакцинирано

Деко е едно од оние кучиња што влегуваат во простор како да се главни ликови во филм – полн со енергија, самодоверба и огромна љубов за луѓето.

Сака да трча, да истражува, да биде во движење, но во исто време знае и само да ти се залепи до нога и со часови да ужива во галење. Нежен, послушен и неверојатно приврзан, Деко многу брзо создава врска со човекот до себе.

Да, неговиот изглед некогаш ги плашел луѓето на улица. Поради тоа предолго остана незабележан. Но вистината е дека зад тој „опасен“ изглед се крие куче што само сака некој конечно да му даде шанса.

Деко не е страшен.

Деко е куче што ќе те чека пред врата.

Куче што ќе трча со тебе.

Куче што ќе те сака без резерва.

И искрено? На Деко не му фали ништо освен дом

Волонтирај