Скуби е куче старо околу 2-3 години.
Веќе еднаш го поминал хуманиот третман, но животот повторно го донесе кај нас, привремено, поради тоа што се наоѓаше на небезбедна локација.
Скуби е млад, весел и полн со живот. Сака внимание, дружба и прошетки, и со малку љубов брзо се врзува за луѓето.
Заслужува дом полн со љубов, сигурност и мир, место каде конечно ќе може да се опушти и да го живее животот што секое куче го заслужува.
Ако сакате да му дадете шанса за подобар живот, пишете ни. Скуби ве чека.