Запознајте го Фродо, прекрасно куче со најискрен поглед и душа полна љубов. Фродо е едно нежно и игриво срце, кое копнее по внимание и галење.
На поводник малку се плаши, но со градник е сосема опуштен – само му треба малку сигурност и време да се навикне. Кога ќе клекнете, одма трча кон вас со сета љубов што ја има – и ќе ве освои засекогаш.
Фродо има околу 2–3 години, доволно млад за игри и авантури, а доволно зрел за да биде совршен семеен миленик.
Подари му шанса и отвори му го срцето – тој ќе ти возврати со безусловна љубов секој ден.