Постапка за вдомување на куче

Во ЈП Лајка можете да најдете кучиња од секаков раст, карактер и возраст.
Независно дали барате куче кое бара поголема активност или сталожен миленик, кај нас ќе го направите правилниот избор.

Сите кучиња кои се достапни за вдомување се здрави, стерилизирани или кастрирани, микрочипирани, со негативен тест за лишманија по акредитирана метода и вакцинирани против беснило.


Вдомувањето е комплетно бесплатно, а за текот на процесот за вдомување можете да се информирате подолу.

Одберете го Вашето куче од понудените или испратете ни мејл на vdomi@lajka.com.mk со опис на конкретното куче или опис на карактеристики кои ги барате кај кучето

Почекајте да Ве побараме за да договориме прва средба со кучето и пополнување на апликација за вдомување

Доколку се помине во најдобар ред договараме втора средба, на која ќе можете да го преземете Вашиот нов миленик

Вдомени кучиња

Волонтирај