Денес во нашата кампања и со помош на Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски им даваме видливост на Рамбо и Џанго, на нивната приказна и на огромната желба за дом каков што некогаш имале.
Рамбо и Џанго се околу една година наши неразделни станари кои пристигнаа во нашето прифатилиште по смртта на нивниот сопственик со кого според сведоштвата биле премногу приврзани.
Им бараме дом каде што ќе останат заедно и ќе бидат сакани како што биле и претходно.
Иако се карактерно различни, Џанго со својата мила природа и Рамбо со бесконечната енергија се совршен пар и одлично би се вклопиле како дел од вашата фамилија.
Повеќе слики од нив можете да најдете тука
Како и сите наши кучиња така и Рамбо и Џанго се кастрирани, редовно вакцинирани и прочистени од надворешни и внатрешни паразити.
Секако и тазе избањати.
Споделете, за следниот што ќе застане пред нивниот кафез да биде нивниот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!