Нашите основни цели се да го намалиме и контролираме бројот на бездомни кучиња преку кастрација и стерилизација на репродуктивно способните единки, да иницираме и поттикнуваме вдомување на бездомните кучиња и да работиме на зголемување на јавната свест за тоа што подразбира одговорно сопствеништво на миленик – куче.
Причините за настанување на овој комунален проблем се ниското ниво на свест кај граѓаните за благосостојбата на животните, недостатокот на соодветна законска регулатива, како и ограниченото спроведување на постоечката регулатива.
Сите релевантни истражувања наведуваат на фактот дека главниот извор на бездомната популација на кучња се домашните кучиња, кои неодговорно се чуваат од страна на граѓаните и нерегулираното производство на нивни легла.
ЈП Лајка – Скопје од 2021 година до денес активно и отворено соработува со граѓаните и здруженијата за заштита на животните, препознавајќи го нивниот ангажман во решавањето на проблемот со бездомната популација на животните, како и заложбите за унапредување на благосотојбата на животните во земјава. Назначеното раководство на ЈП Лајка – Скопје делува во насока на одговорно и професионално работење во однос на реализација на јавните средства, зголемувајќи ги перформансите и капацитетите на работа преку добра организација на работата и на човечките ресурси, ставајќи акцент пред сѐ на хуманиот третман на животните.
Play Video
Нашиот тим
Радмила Пешева
директор
Столе Велковски
Советник за односи со јавност и едукација
Бобан Живковиќ
Референт за односи со јавност и едукација
Елена Пипонска
Раководител на одделение за општи, правни и човечки ресурси
Драгана Стојановска
Советник за јавни набавки
Стеван Цениќ
Помлад соработник за план и анализа
Александар Велески
Референт за административно технички работи
Горан Ѓорѓиоски
Раководител на одделение за медицински третман на бездомни животни
Теона Караскаковска Марковска
Стручен соработник за координативни активности и оператива