АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

Почитувани граѓани,

Ве замолуваме да не напуштате мали кучиња пред ЈП Лајка. Напуштањето на домашни миленици, според законот за заштита и благосостојба на животните, член 26, е забрането.

Воедно сакаме да предочиме дека стационарите каде транзитираат голем број на кучиња се последното место каде треба да оставите мали кучиња. Според програмата за работа ЈП Лајка не смее да ги прифаќа кучињата на возраст под 7 месеци, ниту има можност за нивно трајно вдомување или лекување. Со оставање на мали кучиња пред ЈП Лајка, ги осудувате на контакт со вируси на кои нивниот имунитет не може  соодветно да се спротистави, имаат нула шанса за преживување и подложни се на болно умирање. Немојте, со намера да направите добро дело, да направите непоправлива штета.

Бидете одговорни, стерилизирајте го вашиот миленик и превенирајте нови непожелни единки на улица.

Укажуваме дека просторот пред вратите на ЈП Лајка ќе биде под видео надзор, а секое подметнување на кучиња пријавено кај надлежните органи.

Волонтирај