Биди привремен згрижувач на кучињата од ЈП Лајка

Дали знаеше дека не мораш да вдомиш за да направиш огромна разлика?

Па затоа ние од Лајка го имаме најхуманото решение – биди привремен згрижувач ❤️

Со тоа што ќе станете привремен згрижувач, му давате на бездомно куче можност да живее во домашна средина, да стекне рутина и повторно да изгради доверба во луѓето – сè до неговото трајно вдомување.

Ние обезбедуваме:

-храна за времетраење на престојот

-ветеринарна грижа

-поддршка и насоки

-промоција за вдомување

За да помогнете, не е потребно претходно искуство.

Потребни се:

-малку простор

-трпение

-одговорен пристап

Привремениот дом е само една станица на нивниот пат, но често е клучна за нивниот живот.

Доколку сакате да се вклучите, контактирајте нè во порака 💌

Волонтирај