Веруваме дека највредната инвестиција што едно општество може да ја направи е вложувањето во младите генерации – затоа што токму тие, со развиена емпатија, знаење и чувство за одговорност , го менуваат светот на подобро. ![]()
Нашата прва станица беше ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје , каде што имавме чест да се дружиме и да разговараме со учениците од 7 одделение . Со заеднички ангажман на нашиот тим и со значајна поддршка од Велика Миленковска , дефектолог од училиштето, успешно ја реализиравме првата од низата едукативни активности. ![]()
Темата „КАКО ДА БИДАМ ОДГОВОРЕН СОПСТВЕНИК НА МОЈОТ МИЛЕНИК“ отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за:
• хуман однос кон животните ![]()
![]()
• одговорностите што ги носи сопствеништвото ![]()
• значењето на стерилизација/кастрација ![]()
• правилна грижа, вакцинација и идентификација ![]()
![]()
• превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња ![]()
![]()
Едукацијата кај децата претставува клучна долгорочна мерка – темел врз кој се гради похумана, побезбедна и поодговорна заедница.
ЈП „Лајка“ продолжува со посветеност , стручен пристап и внимателно креирани едукативни материјали, прилагодени на возраста на учениците. Веруваме дека преку заедничка соработка создаваме свест што остава трајна вредност – за луѓето , за животните и за општеството во кое живееме.




















