Уште еден месец посветена работа на терен и во прифатилиштето.
Заловување, ветеринарен третман, вдомување и враќање на локација – секој чекор е дел од системскиот пристап кон хумано и одржливо управување со популацијата на бездомни кучиња.
ЈП Лајка – Скопје е најмладото јавно претпријатие основано од Градот Скопје. Неговата основна дејност, која е од посебен јавен интерес, е хуман третман на бездомните кучиња и воспоставување на контрола на бездомната популација на кучиња на територијата на општините во рамките на Градот Скопје.